Мирно во Зворник, специјални единици задолжени за безбедноста во градот

Од:

Низ улиците на Зворник утрово е мирно, но е забележано зајакнато присуство на специјални единици во градот, откако синоќа вооружен припадник на вахабиското движење нападна полициска станица, при што еден полицаец е убиен, а двајца се повредени.

Здравствената состојба на двајцата повредени полицајци утрово била стабилна.

Специјално обезбедување е воведено во училиштата и детските градинки, а поголемо присуство на припадници на безбедносните сили е забележано и во полициската зграда каде што се случи нападот.

Жителите на Зворник не сакаат многу да зборуваат за вчерашните случувања. Во градот не е забележана посебна тензија, а зајакнатото полициско присуство значително ги смирува граѓаните.

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач од синоќа се наоѓа во Зворник и побара од граѓаните да останат мирни. Тој потврди дека напаѓачот е 24-годишниот Нердин Ибриќ од Сапно, во близина на Зворник, и според информациите, со кои досега располага полицијата, станува збор за терористички напад.

– Од еден полицаец муслиман во Зворник добивме информација дека во последно време Ибриќ се однесувал невообичаено и за време на милитви во џамијата се одвојувал и се поклонувал според вахабиски обичаи, објаснува Лукач.

Градоначалникот на Зворник, Зоран Стефановиќ изрази надеж дека во прашање е индивидуален акт и ги повика сите граѓани на Република Српска да останат воздржани и да не употребуваат говор на омраза на социјалните мрежи.

Високиот меѓународен претставник во БиХ, Валентин Инцко го осуди синоќешниот напад и истакна дека овој, како и оние кои беа извршени пред неколку години врз полициската станица во Бугојно и врз американската амбасада во Сараево, се „последно предупредување“. Тој оцени дека нападот во Зворник ќе има „лош одзвук во светот“, но потенцира дека „граѓаните треба да останат обединети“.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници