Минимум 2,5 милиони Бугари прележале Ковид-19

Од:

Бугарија најверојатно нема повторно да достигне бројки од 5.000 заразени лица дневно, коментира д-р Трифон Валков од Инфективната болница во Софија. Валков изјави дека „лицата кои прележаа Ковид-19 се многукратно повеќе од официјално пријавените. Реалната бројка на лица кои ја имале болеста е најмалку 2,5 милиони.

-Една од причините за повеќето позитивни тестови е што се прават повеќе тестови. Секогаш во Бугарија се правеа околу 10-12.000 тестови, а сега има денови кога се прават и по 16.000. Втора причина е што веќе се додаваат тестови за антиген, изјави Валков за бугарската Нова ТВ.

Според него, теоретски е можно на почетокот на април повторно во земјата да се дојде до бројка од 5.000 инфицирани лица дневно.

– Мислам дека нема да достигнеме слично зголемување на бројот на заразени лица, какво што имавме во ноември. Повеќето луѓе веќе го прележаа вирусот. Има и многу вакцинирани, изјави инфектологот.

Би можело да ве интересира

Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи за изминатите 24 часа во Бугарија

Бугарскиот премиер е во изолација

Постои опасност Бугарија да стане Ковид-гето предупредува бугарски виролог

Зелените сертификати ги натераа Бугарите на вакцинација

Доколку мерките против Ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има локдаун во Бугарија