Преку фиктивни компании и фактури, криминална организација во Атина вршела измами во вредност од милиони евра на штета на Национален фонд за социјално осигурување (ЕФКА), како и даночно затајување од околу 11 милиони евра за што уапсени се 22 лица,
Како што информираа од грчката полиција, од раните утрински часови во области Атика, поширокиот регион на Атина во тек е полициска операција на Дирекција за борба против организиран криминал за разбивање на криминалната организација.
Додадоа дека досега се уапсени 22 лица, меѓу кои сметководители, бизнисмени и номинални сопственици, а истрагата продолжува.
Полициски извори за грчките медиуми брифирале дека членовите на криминалната организација формирале фиктивни компании и издавале фиктивни фактури за наводно ангажирање персонал, без да ги уплаќаат соодветните осигурителни придонеси кон ЕФКА со што била предизвикала милионска штета за Фондот.
