Милион евра ќе бидат вложени во текот на наредните 15 месеци за јакнење на правосудните тела во БиХ, задолжени за процесуирање на воените злосторства, најавија денеска во Сараево амбасадорите на САД, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Италија чии влади го финансираат проектот.
Финансиската и организациската поддршка ќе биде обезбедена преку програмата која ќе ја координира Мисијата на ОБСЕ во БиХ.
Главна цел е да се зајакне капацитетот на судовите и обвинителствата на ниво на жупании во Федерацијата БиХ, односно округот во Република Српска, кои имаат задача да процесуираат помалку сложени случаи на воени злосторства.
Според достапните проценки, уште околу 1.300 случаи на воени злосторства, односно 8.000 осомничени чекаат на процесуирање на судовите на сите нивоа.