Милановиќ: Франција се грижи само за своите интереси – ни продаде 12 авиони, а потоа им продаде толку и на соседите кои не се членки на НАТО

Од:

„Ние сме членка на НАТО, тие се наши сојузници со кои имаме одредени договори и одредени завети што би можеле да се исполнат во критична ситуација. Треба да направиме сè за да не се остварат никогаш и да нема потреба од тоа. Но, можеме да видиме како се однесуваат стратешките сојузници од нашиот пример. Нашиот стратешки сојузник ни продаде 12 авиони, а потоа продаде исто толку и на нашите соседи – кои не се членки на НАТО. Не нè прашаа кога го направија тоа. А потоа мора да ги надградиме тие системи, а тоа ќе чини повеќе. Можеби да, но факт е дека Француската Република се грижеше за своите интереси – само за своите интереси, не бевме прашани за нашето мислење“, рече претседателот на Хрватска – Зоран Милановиќ.

Зборувајќи за таа тема, тој додаде дека „ова не е критика кон никого, туку едноставно поттик да се размисли како дејствуваат државите, кои се нивните мотиви и што ги води кога донесуваат одлуки“.

Истакнувајќи дека „целата наша доктрина, размислување и сите наши важни одлуки треба да произлегуваат од грижата за сопствените интереси“, претседателот Милановиќ рече дека грижата за сопствените интереси не ја исклучува лојалноста и пристојноста кон партнерите.

„Не може да има иста стратегија за земја од четири милиони жители и земја од 65 милиони, земја што произведува и земја што купува, земја што плаќа заем и земја што го дава. Ова не е исто, воопшто не се еднакви улоги“, според Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Милановиќ контра Орбан: ЕУ не се распаѓа

А1он

Зоран Милановиќ: Лидерите во Европа не се дораснати на задачата

А1он

Милановиќ: Можеме да го забраниме извозот на оружје од Европа во Израел – зошто тоа не се случува?

А1он

Милановиќ: Да не живееме од долгови без да мислиме како ќе ги вратиме – во минус сме, а без европските пари сме во дупка

А1он

Милановиќ: Неправедно е да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или С. Македонија

А1он

Милановиќ: Никој нема да стане членка на ЕУ, освен можеби Црна Гора

А1он