Мигрантите во кампот Вучјак, кај Бихаќ, и денеска одбиваат храна од Црвен крст, јави сараевската телевизија Н1.
Мигрантите во тој камп храната ја одбиваат бидејќи сакаат да им се отворат границите кон ЕУ и не отстапуваат од тоа барање.
Повеќе од 500 мигранти се наоѓаат во импровизираниот камп Вучјак, каде со недели се изложени на ниски температури.
Пред два дена, кога падна снег во Босна и Херцеговина, некои шатори беа уништени од тежината на снегот, а мигрантите беа со несоодветна облека. Од тој ден тие почнаа да ја одбиваат храната од Црвен крст.
Комесарката за човекови права во Советот на Европа Дуња Мијатовиќ на почетокот на неделава го посети кампот и по разговорите со мигрантите категорично изјави дека тие мора да бидат дислоцирани во подобри услови, бидејќи се животно загрозени.