Мицотакис позитивен на Ковид-19

Од:

Преку видео на официјалниот Инстаграм профил, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 по рутинското тестирање со рапид тест направен утрово во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. При дневниот тест што го направив утрово во мојата канцеларија, позитивен сум, па ќе се изолирам дома и ќе работам од таму. Сакам да не заборавите дека тројната вакцинација дава најдобра можна заштита од сериозно заболување, рече Мицотакис во видеото на Инстаграм, додавајќи дека е сигурен дека сè ќе биде во ред и набргу ќе се врати во неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите

Мицкоски за средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството

Мицотакис го информирал Европскиот Совет за „директното прекршување на Договорот од Преспа од претседателката и премиерот на Северна Македонија“

Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, престанете да правите сметка без крчмарот

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова се запозна со Мицотакис и со Главчев

A1on