Мицотакис: Отровот во зборовите на турското раководство не допира до народот

Од:

Грција ја чека другата страна од Егејското море на патот на разумот и мирот, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор пред пратеничката група на Нова демократија и додаде дека географијата не се менува, историјата не се пишува одново, а Грците и Турците сакаат мирно да живеат и мирно да напредуваат, јави дописничката на МИА од Атина.

Повтори дека земјата останува цврсто на незините позиции, „наоружана со меѓународното право и своите аргументи, со кои се согласува и светската заедница, европското семејство, но и пријателите од другата страна на Атлантикот“.

Истакна дека границите на Грција се „во сина, а не во сива боја“ и сакаат и „небото да биде сино во односите со соседите“.

—Ако нешто ме прави оптимист, тоа е дека отровот во зборовите на турското раководство, на крајот, не допира до народот. Грците и Турците се пријатели, кои сакаат да живеат и напредуваат заедно во мир. Знаат дека географијата не се менува ако некој ги фалсификува картите. Нашите народи знаат дека договорите треба да се почитуваат, знаат дека историјата не се пишува одново со реторика. Па така, Грција ја чека другата страна од Егејското море на патот на разумот и мирот, рече Мицотакис.

Ја повтори поддршката за Украина истакна дека Грција е против „прекршување на границите и оживување на империјалните визии што некои би можеле да сакаат да ги имитираат во нашето соседство“.

Додаде дека во исто време градат „силни бедеми против обидот на Москва енергијата да ја претвори во оружје, а увезените покачувања да ги претвори во алатка за дестабилизација на општествата“, повторувајќи го грчкиот предлог за воведување плафон на цената на природниот гас.

-Нашите позиции наоѓаат се повеќе поддржувачи. Да, треба да се постави ограничување на цената на увозниот природен гас. Треба, на некој начин, цената на природниот гас да се одвои од цената на електричната енергија, а купувањето, складирањето и дистрибуцијата, на поефикасен начин да станат европско, прашање, прашање на заедницата, истакна грчкиот премиер.

Објасни дека оваа порака ќе ја пренесе на Самитот во Прага за два дена и на Европскиот совет во Брисел на крајот од месецот и посочи дека што и да се случи на европско ниво, на национално, Владата ќе продолжи со мерките за поддршка на граѓаните.

Владејачката Нова демократија денеска одбележува 48 години од основањето, а Мицотакис рече дека е партија „на сите Грци кои гледаат напред и целат високо“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје

Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот

Мицотакис: Името Северна Македонија мора да се користи и внатре и надвор

Горан Наумовски

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

Горан Наумовски

Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев

Грција: Партијата на премиерот Мицотакис освои најмногу гласови на изборите за ЕП