Мицотакис: Наш избор е да не ја загриземе мамката на провокации од Турција

Од:

Избираме да не ја загриземе мамката на провокации од Турција, бидејќи треба да се справиме со големо крешендо на изјави и позиции кои ја преминаа границата, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчкото радио „Сфера 102,2“, јави дописничката на МИА од Атина.

Она за кое Мицотакис рече дека е охрабрувачко во односите со Турција се неодамнешните анкети според кои Турците сметаат дека сите изјави се од предизборни причини, додаде дека „најохрабрувачко е тоа што 63 отсто од Турците не ја сметаат Грција за закана“ и изрази уверување дека кога би се спровело исто истражување во Грција, резултатите би биле слични.

Тој истакна дека земјата има силни сојузи и силни вооружени сили и „сите знаат дека не можат да играат со Грција“.

– Од друга страна, мора да бидеме во позиција да можеме да разговараме, да ги решаваме нашите разлики или дури и да можеме да се согласиме дека не се согласуваме без да се караме. Ова е многу важно. Не сметам дека разликите со Турција ќе бидат решени преку ноќ. Тие се многу длабоки и доаѓаат од далеку. Но, дали ни е потребна оваа секојдневна тензија и овој отров?, рече Мицотакис.

За енергетската криза, грчкиот премиер истакна дека „осум месеци инсистира и зборува за потребата да има една цена за природниот гас, не само за рускиот, туку и за гасот што се увезува во Европа во целост“, објасни дека државата ќе продолжи да ги поддржува граѓаните и најави дополнителни мерки, односно стимулации за заштеда на електрична енергија.

Во однос на Ковид-19, грчкиот премиер истакна дека земјата нема повторно се да затвори и „тоа е факт“ рече дека „епидемијата, барем онака како што ја знаевме, завршува“, но посочи дека потребно е да бидат внимателни ранливите категории и граѓаните над 60-годишна возраст да се вакцинираат.

– Набргу ќе ги имаме новите вакцини кои ги покриваат сите мутации и како што е пракса со вакцината против грип за оние кои се поранливи, така треба да се вакцинираме и со вакцината против Ковид. И секако, за оние што се ранлива категорија, добро е да носат маска во затворени простори. Но, нема да одиме на никаква регулаторна интервенција, како оние што ги имавме во последните две години, рече Мицотакис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите

Мицкоски за средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството

Мицотакис го информирал Европскиот Совет за „директното прекршување на Договорот од Преспа од претседателката и премиерот на Северна Македонија“

Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, престанете да правите сметка без крчмарот

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова се запозна со Мицотакис и со Главчев

A1on