Мевлид Јашаревиќ осуден на 18 години затвор

Од:

За нападот врз амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Сараево на 28. октомври минатата година, српскиот државјанин Мевлид Јашаревиќ денеска во Судот на Босна и Херцеговина, беше обвинет и осуден на затворска казна од 18 години.

Неговите помошници Емрах Фојница и Муниб Ахметспахиќ беа ослободени поради недостиг на докази.

Сите тројца од обвинителниот акт од 25 април оваа година, беа обвинети за кривично дело за организирање на терористичка група за напади.

Јашаревиќ завршните зборови ги даде на трети декември, „Доколку Судот на Босна и Херцеговина ме осуди, тоа нема да спречи некој друг да го стори истото”.

Тој посочи дека се кае за стравот на сараевчани што тој го предизвикал, велејќи дека ваквите напади се случуваат од Американците и се убиваат муслимани.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина