Мектиќ: БиХ има проблем со тероризмот

Од:

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека земјата дефинитивно има проблем со тероризмот на кој мора „да се удри“.

– Имаме одредени екстремни радикали, насилна идеологија, на одреден начин присутна е терористичка идеологија, како и одреден број на организации кои ја заговараат. Имаме поединци кои врбуваат, наговараат и финансираат такви случувања, посочи Мектиќ.

Тој посочи дека Советот на министри го анализира вчерашниот напад врз полициската станица во Зворник. Мектиќ додаде дека извршителот на терористичкиот чин не е евидентиран во базите на безбедносните агенции и оти сега се утврдуваат мотивите за злосторството.

Мектиќ потенцира дека напаѓаќот најверојатно бил мотивиран од радикална идеологија.

Во вчерашниот инцидент во полициската станица во Зворник еден полицаец загина, а двајца се повредени.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници