Меѓусебни критики во црногорската владејачка коалиција поради ЦПЦ

Од:

Пораката на премиерот Мило Ѓукановиќ дека Црногорската православна црква (ЦПЦ) наместо да ја критикува власта треба повеќе да работи на исполнување на своите цели, предизвика размена на остри критики меѓу двете најголеми партии во владејачката коалиција во Црна Гора.

Претседателот на црногорскиот Парламент и лидер на Социјалдемократската партија (СДП), Ранко Кривокапиќ изјави дека ставот на Ѓукановиќ во врска со ЦПЦ го потсетува на приказната за Понтиј Пилат од Библијата.

– Кога Понтиј Пилат, веќе бил свесен дека Исус е невин, му рекол дека иако не е виновен сепак ќе мора да го распне на крст, па таму нека докажува доколку навистина е Божји син дека може да се спаси. Мислам дека тоа истото Владата и го прави на ЦПЦ.

Ги распнува невините и бара од нив така обесправени и немоќни да се борат за своите права, истакна Кривокапиќ.

На ваквата изјава веднаш реагираше Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ, која порача дека критиката на Кривокапиќ е погрешно адресирана.

– Дека критиката на Кривокапиќ е испратена на погрешна адреса зборува присуството на функционерите на ДПС и отсуството на СДП на чинот на осветувањето на камен-темелникот на црквата во Цетиње. ДПС не ја осуди СДП поради тоа, нути си направи себе си реклама. Постапивме онака како што сметавме дека треба, се наведува во соопштението на ДПС.

Партијата на црногорскиот премиер оцени и дека Кривокапиќ својот став треба да го изнесе преку јавен дијалог или разговори со коалициските партнери, без присуство на медиуми. Таа му порача на претседателот на Парламентот дека „граѓаните се Господ на земјата и за секого даваат суд на изборите“.

Канонски непризнатата ЦПЦ во понеделникот одржа протест на Цетиње, на кој беше изразено незадоволство поради, како што оцени, нејзина „систематска маргинализација“, а беше објавена и петиција која ќе биде испратена до Парламентот и Владата на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски