Во Општата болница во Нови Пазар се лекуваат 20 пациенти, од кои 10 се деца, поради сомневање за труење со храна. Лекарите велат дека умерената и тешка клиничка слика на пациентите укажува на труење предизвикано од салмонела, која е најчеста причина за цревни инфекции. Сепак, точната причина за труењето ќе се знае кога ќе пристигнат резултатите од лабораториските анализи.
На Детското одделение се хоспитализирани 10 деца. Според началникот на Одделението, Хадија Токовиќ тие се во нешто подобра состојба отколку што биле по приемот во болница.
Од друга страна, пациентите примени на Инфективното одделение се уште се во многу тешка состојба. Според раководителот на оваа институција Бинела Мавриќ, сите имаат висока температура која надминува 40 степени, обилна водена столица со појава на згрутчување на крв, повраќање и стомачни болки.
Сите затруени јаделе во истиот ресторан во близина на општата болница, што го потврдиле и родителите на децата.
Епидемиологот на Институтот за јавно здравје Сафет Ганиќ, посочува дека во моментов се анализираат примероците собрани од пациентите.
Причините кои треба да ги собере инспекцијата се уште не стигнале до Институтот за јавно здравје и во моментов се анализираат. Од друга страна, од Институтот за јавно здравје во Нови Пазар велат дека, што се однесува до нив, професионално си го одработиле својот дел.
– Институтот професионално си ја заврши работата, а таа работа се состои од посета на пациенти, земање податоци за епидемиолошка анкета, со цел да се открие изворот на инфекцијата, начини на пренесување, да се регистрираат сите болни лица со одредени карактеристики поврзани на болеста што е присутна. Примероците од столицата беа земени од сите хоспитализирани пациенти. Нивните анализи се во тек и се очекува до утре да се знае состојбата – вели за РТС епидемиологот Сафет Ганиќ.
Тој наведува и дека сега останува на здравствена инспекција да го направи своето и да ги испита намирниците пронајдени во објектот.