Мајката од Бања Лука која се обиде да го задуши своето бебе е ослободена

Од:

Окружниот суд во Бања Лука ја ослободи В.П. (20) осомничена за обид за убиство на осуммесечното бебе.
Како што информираа медиумите од регионот, ѝ се изречени само мерки за забрана.

„Предлогот на ОЈТ Бања Лука е одбиен како неоснован. Изречени се мерки за забрана, имено забрана за средба и приближување до повреденото малолетно лице на растојание помало од 200 метри и наредба за периодично јавување кај државниот орган – надлежната полициска станица, три пати неделно“, соопшти Окружниот суд во Бања Лука.

Беше утврдено дека изречените мерки за забрана ќе траат од моментот на ослободување на осомничениот, сè додека не се појави потреба за тоа.

„На секои два месеци, судот по службена должност ќе испитува дали изречените мерки се сè уште неопходни“, соопшти судот.

Инаку, во Универзитетскиот клинички центар на РС беше спречена трагедија, кога мајката се обиде да го задуши своето осуммесечно бебе со перница.

Инаку бебето веќе има сериозни здравствени проблеми.

Мајката беше забележана и запрена во последен момент, а случајот беше пријавен во полиција пред два дена.

Би можело да ве интересира

Се шири лептоспирозата: Шестмина заразени во Република Српска

Горан Наумовски

На 57 години Соња се породи во Скопје, со 61 годишниот сопруг планираат уште деца

А1он

Тело на бебе најдено во вреќа за ѓубре на депонија во Приштина

А1он

Ликвидација во Бања Лука – викна „немој, немој, застани“, па на паркинг испукани се кон него 25 куршуми

А1он

(ВИДЕО) Три жртви во страшна сообраќајка кај Бања Лука

А1он

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он