Мајката и таткото на Данка се во тешка психичка состојба

Од:

Милош Илиќ, таткото на убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ, по чие тело се трага, изјави дека тој и мајката на Данка Ивана се во страшно тешка психичка состојба.

– За нас е многу лошо и не можеме да излеземе пред вас и бараме да не разберете – изјави Милош.

Нивните соседи сведочат дека таму живеело младо семејство со деца.

– Нас не нè интересира приказната и ни пречи медиумскиот интерес за нас во овој момент додека чекаме да го најдат телото на нашето мало ангелче кое го убиле чудовишта – рече Милош.

Тој и неговата сопруга не можат да се концентрираат на ништо друго освен на потрагата. Тие се благодарни што медиумите се вклучени во истрагата за да се пронајдат посмртните останки на девојчето. Од друга страна, тие се навредени од изразувањето сомнеж на поединци кoн мајката и кон нив како семејство, дека тие се наводно виновни за исчезнувањето на Данка.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка