Лукшиќ: Иницијативата за Г6 не е формирање нова Југославија

Од:

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ изјави дека неговата иницијатива, изнесена во Њујорк, за формирање „западнобалканска шесторка“ или Г6 не значи обновување на Југославија, што е погрешен концепт.

– Зборуваме за неформално обединување и соработка под надзор на Советот за регионална соработка во Сараево, што ќе ги координира и подготвува нашите земји за членство во ЕУ, објасни Лукшиќ.

Лукшиќ нагласи дека иницијативата не претставува обид за создавање нова Југославија, туку стратешки проект од заеднички интерес што ќе го забрза процесот на пристапување кон Европската унија.

За време на 68. седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претставниците на балканските земји разговараа за Г6 иницијативата, што предизвика голем број контроверзии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски