Лидерот на „Движењето Европа сега“ кандидат на претстојните претседателски избори во Црна Гора

Од:

Лидерот на „Движењето Европа сега“ Милојко Спајиќ ќе биде кандидат на претседателските избори во Црна Гора, објави движењето и ги повика сите партии кои ја споделуваат нивната визија за земјата да ја поддржат кандидатурата на Спајиќ.

„Сега, по пошироки консултации, Претседателството на „Движењето Европа сега“ едногласно одлучи на претстојните претседателски избори да се кандидира за Спајиќ, се вели во соопштението, пренесува МИНА.

Како што се додава, одлуката на Претседателството ќе биде испратена до Главниот комитет на верификација.

Од тоа Движење велат дека релевантните и кредибилни истражувања на јавното мислење кои се направени, јасно покажуваат дека претседателот на „Движењето за Европа сега“ влегува во вториот круг и ќе го победи кандидатот на Демократската партија на социјалистите, кој и да е тој.

„Ги покануваме сите граѓански и малцински партии кои ја споделуваат нашата визија за Црна Гора да го поддржат Спајиќ и да бидат дел од големата победа на претстојните избори и со тоа да придонесат за обединување на вистински европски и демократски сили“, велат од Европа сега.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски