идерите на партиите од парламентарното мнозинство во Федерацијата Босна и Херцеговина денеска, на состанокот во Мостар, се договорија да и изгласаат недоверба на Владата на Федерацијата и на тој начин да го отворат процесот на нејзина реконструкција, јавија бањалучки „Независни вести“.
Лидерите на ХДЗ во БиХ, Драган Човиќ, на ХДЗ-`1990, Божо Љубиќ, на СДП на БиХ, Златко Лагумџија, и на СББ во БиХ, Фахрудин Радончиќ, наведоа дека имаат „детален план“, но дека прво ќе им го претстават на високиот претставник во Бих Валентин Инцко, на специјалниот претставник на ЕУ Петер Соренсен и на американскиот амбасадор Патрик Мун и од нив ќе побараат помош во процесот на спроведување на реконструкцијата на власта.
Никој од босанско-херцеговачките лидери не сакаше да зборува за деталите на планот, но наведоа дека се одлучни новото парламентарно мнозинство да ја воспостави извршната власт и да продолжи да делува на стабилизацијата на приликите во овој ентитет.
Според најавите, планот на претставниците на меѓународната заедница може да им биде претставен на 8 и 9 јануари.