Лидерите на БИХ договорија принципи за имплементација на пресудата за случајот „Сејдиќ-Финци“

Од:

Лидерите на политичките партии и претставниците на властите во Босна и Херцеговина денеска во Брисел потпишаа документ со принципите за имплементација на пресудата на Европскиот суд за човекови права за предметот „Сејдиќ-Финци“, а финалниот договор се очекува на следниот состанок, кој како што е најавено, ќе биде одржан за десет дена.

Ова се оценува како напредок во спроведувањето на таа одлука на Европскиот суд во Стразбур, која е донесена уште во 2009 година.

Заклучоците беа утврдени на денешниот состанок, кој траеше значително подолго од предвиденото, поради што беше одложена и прес-конференцијата закажана за 13 часот.

Заклучоците од состанокот, како што е најавено ќе ги претстави домаќинот на состанокот, еврокомесарот за проширување Штефан Филе. На состанокот учествуваа претставници на БиХ, на Советот на Европа и на Венецијанската комисија.

За време на состанокот, како што претходно јавија босанските медиуми, учесниците имаа различни мислења за тоа како треба да се спроведе одлуката на Судот во Стразбур, која подразбира промена на Уставот на начин, кој би им овозможил на претставниците на малцинските народи во БиХ да се кандидираат за највисоките државни функции. Меѓутоа на крајот, според босанските медиуми, сепак дошло до договор врз основа на принципот „пет плус еден“.

На состанокот се разговарало и за механизмот на координација во процесот на европските интеграции, кој го предложи Европската комисија, а се уште не е познато дали по ова прашање е постигнат напредок.

Делегацијата на БиХ во Брисел е поделена на два дела – претседавачот на Советот на министри, Вјекослав Беванда и премиерите на двата босански ентитети Жељко Цвијановиќ и Нермин Никшиќ го договараа механизмот на координација, додека претставиците на седумте водечки политички партии беа фокусирани на договорот за спроведување на пресудата „Сејдиќ-Финци“.

Претходно, денеска Филе на состанокот во Брисел им се закани на политичките лидери на БиХ, дека Советот на Европа ќе усвои остра декларација, доколку тие не постигнат договор за најважните прашања во државата.

Филе по уводниот говор се закани со остра декларација, која во врска со ситуацијата во БиХ би можел да ја донесе Советот на Европа уште на утрешното заседание.

Тој исто така најави и укинувањена ИПА фондовите, дури и на оние одобрени за оваа година во висина од 17 милиони евра, како и серија други санкции, доколку властите и лидерите на политичките партии во БиХ не понудат решение за спроведување на пресудата „Сејдиќ-Финци“, не утврдат механизам за координација со ЕУ, како и ако не усвојат протокол за ИПА фондовите за периодот 2014-2020 година.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници