Легализацијата на проституцијата – меч со две острици

Од:

Легализацијата на проституцијата е нешто со што Црна Гора мора да се соочи, нешто што е реалност – смета социологот Срѓан Вукадиновиќ за темата која во последно време е актуелна во Црна Гора.

Дали тој чекор ќе биде од корист и дали црногорското општество воопшто е подготвено за легализација на најстариот занает, Вукадиновиќ за подгоричко радио Антена М предупредува дека тоа во Црна Гора се уште е табу тема.

– Никакви санкции не е нешто што ќе биде решение. Единствено отворена дебата и отворена тема е клуч за решението – смета експертот.

Кога се работи за проституцијата, додава тој, не се проблем лица кои се занимаваат со тоа, туку проблем се лица кои се посредници во тој чин, па легализацијата е нешто што ќе го отстрани основниот проблем – макроата.

– Мислам дека легализацијата на проституцијата е нешто со што Црна Гора мора да се соочи, нешто што е реалност. Системот треба да функционира, актерите на тој процес да бидат контролирани од државата било здравствено, било на некој друг начин – порача Вукадиновиќ.

Меѓутоа, така не смета Лилјана Раичевиќ од Безбедната женска куќа СЖК и наведува дека, занимавајќи се со прашањето дали да се легализира проституцијата, дошле до податоци дека Германија, Холандија и останатите земји кои го направиле тоа не се баш задоволни како тој процес резултирал.

Како што додаде таа, СЖК составила листа од десет причини против легализација на проституцијата верувајќи дека тоа би било подарок на сите макроа, препродавачи во секс индустријата, како и дека не донесува контрола на секс индустријата, туку ја зголемува.

Меѓу наведените причини се и дека легализацијата ја зголемува тајноста на скриената, нелегална и детска проституција, не ги заштитува жените и не го промовира нивното здравје, а ја зголемува и побарувачката за проституција…

Вукадиновиќ додава дека легализацијата, сепак, не е решение за т.н. елитна проституција.

– Црна Гора е исклучително подрачје за тој вид на проституцијата. Во сверата на елитната проституција не е можно да се разоткријат сите фактори и актери на тој процес, бидејќи тоа се работи за големи пари – заклучува Вукадиновиќ.

Танјуг – Белград

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски