Лажни пријави за бомби во црногорските училишта ги испратил малолетник од Чешка

Од:

Малолетник државјанин на Чешка испратил лажни пријави за поставени бомби во училишта и други црногорски институции, соопшти денеска Управата на полицијата.

Според пријавата, малолетникот не е поврзан со Црна Гора, а делото е извршено на територијата на Чешка.

Црногорската полициска управа им се заблагодари на сите меѓународни партнери кои на различни начини помогнале да се постигнат вакви резултати, а особено во овој случај чешката полиција и чешката амбасада во Црна Гора, кои, како што се наведува, дејствувале брзо и ефикасно.

Полициската управа потсетува дека во последните шест месеци има десет лажни дојави за бомби во училишта и други институции.

„Поголемиот дел од тие случаи се решени со идентификувани сторители или форензички, односно оперативни податоци преку кои може да се дојде до сторителот во наредниот период“, ​​се наведува меѓу другото во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски