Босна и Херцеговина е определена и формално да пристапи кон глобалната коалиција и да придонесе кон меѓународната борба против сите видови тероризам, рече министерот за надворешни работи на БиХ Златко Лагумџија.
Тој, на повик на државниот секретар на САД Џон Кери, учествуваше денеска на првиот пленарен собир на глобалната коалиција за борба против ИД, одржан на ниво на министри за надворешни работи во седиштето на НАТО во Брисел.
БиХ, како што истакна Лагумџија, е посебно заинтересирана за учество во коалицијата поради своето сопствено искуство кое е подготвена да го сподели и укажува дека идеологијата, заснована на злоупотребата на која било вера или национализам, секогаш на крајот води до терор.