Кукан: Масакрот во Сребреница најмрачен момент во поновата историја на Европа

Од:

Словачкиот европратеник Едуард Кукан, кој е претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово, како и известувач од сенка за Македонија, денеска по повод 17-годишнината од масакрот во Сребреница, истакна дека „овој настан е потсетник на најмрачните моменти во поновата историја на Европа”.

– Јас би сакал да го понудам моето најдлабоко сочувство до сите кои беа погодени од најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна, а особено до семејствата на оние кои се закопуваат денес. Затоа, би сакал да ја истакнам важноста на процесот на помирување за луѓето и општествата на целиот регион и би сакал да ги повикам сите политички елити во регионот да се направат сите напори и да продолжи во овој процес, истакна европратеникот Кукан, кој е дел од Европските народни партии (ЕПП), најбројната група во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина