Кривокапиќ: Се уште не се знае победникот на црногорските избори

Од:

Претседателот на црногорскиот Парламент и лидер на Социјалдемократската партија (СДП) Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека се уште не знае кој е победник на претседателските избори, додавајќи дека се покажала исправна одлуката партијата да не поддржи ниту еден претседателски кандидат.

– Се знае кој е победник на овие избори, тоа се граѓаните кои ја подддржаа политиката на СДП, но се уште не се знае кој е ставрниот победник на претседателските избори, се уште се чека конечната одлука на надлежните државни органи, посочи Кривокапиќ.

Тој повтори дека СДП не поддржала ниту еден од претседателските кандидати.

Политичката криза во Црна Гора не се намали ниту откако Државната изборна комисија ги објави перлиминарните резултати од гласањето, според кои победи Филип Вујановиќ, додека Миодраг Лекиќ ги оспорува резултатите и бара повторно пребројување на гласачките ливчиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски