Кривокапиќ и Абазовиќ денеска на сослушување во Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент

Од:

На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент денеска се очекува да се одржи контролна расправа со шефовите на Владата, полицијата и обвинителството.

Владините функционери ќе бидат сослушани во врска со заплената на околу 500 килограми кокаин.

Според најавите за седницата, комисијата ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, јавува РТЦГ. Најавено е сослушување и на директорот на Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и на претставници на обвинителството.

Одлуката за контролната расправа за заплената на околу 500 килограми кокаин беше донесена едногласно на претходната седница на Комисијата за безбедност и одбрана.

Работниците на подгоричката компанија „Волија“ на 12 јануари во магацинот на фирмата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата. Управата за приходи и царината соопштија дека бродот на кој имало пратка банани, на 2 јануари впловил во пристаништето Бар.

Специјалното државно обвинителство покрена кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора, потсетува црногорската телевизија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски