Кривична пријава против градоначалникот на Херцег Нови

Од:

Црногорската полиција соопшти дека поднела кривична пријава против градоначалникот на Херцег Нови, Дејан Мандиќ поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност.

Управата на полицијата наведе дека Маниќ ги поминал своите овластувања и донел решение со кое дозволил М.С од Херцег Нови да откупи дел од земјиштето во населбата Топла.

За тоа земјиште, со површина од 31 квадратен метар се платени 7.750 евра.

Се претпоставува дека Маниќ го донел спорното решение, иако знаел или морал да знае дека таа парцела е категорирана како јавен пат.

Полицијата додаде дека природните богатства и добра се во општа употреба и не можат да бидат приватни.

Маниќ наверојатно му овозможил на М.С да го купи јавниот пат, така што легализирал недозволена градба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски