Кривачни пријави против тројца црногорски опозициски лидери

Од:

Основното јавно обвинителство на Подгорица денеска поднесе кривични пријави против тројца лидери на опозицискиот Демократски фронт, поради „насилничко однесување и загрозување на безбедноста“.

Обвинителството соопшти дека ги повикало пратениците Милан Кнежевиќ, Милутин Ѓукановиќ и Бранко Радуловиќ да дадат изјави во својство на осомничени.

Обвинението е поднесено по пријава на тројца пратеници на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), кои ги обвинуваат опозициските лидери за вербален напад врз нив.

– Врз основа на добиените сознанија, Обвинтелството издаде налог за покренување кривична пријава против пратениците М.К., М.Ѓ. и Б.Р. поради кривичното дело насилничко однесување и загрозување на безбедноста, се наведува во соопштението.

Тројцата опозициски лидери ги отфрлаат обвиненијата изнесени против нив дека во средата ги навредувале пратениците на ДПС на национална основа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски