Претставници на кралските семејства од вчера во Белград присуствуваат на прославата на 70 роденден на принцот Александар Караѓорѓевиќ.
На коктелот во Белиот двор во Белград синоќа присуствуваа шведскиот крал Густав со кралицата Силвија, германската принцеза Ира од Фурстенберг, јорданскиот принц Рад бин Заид со принцезата Мајда, принцот Лудвиг од Баден, принцот Амин Ага Кан, лордот и леди Голдсмит.
Тие вчера слетаа со приватни авиони на аеродромот во Белград и под посебни мерки на обезбедување стигнаа во дворскиот комплекс на Дедиње.
Таму денеска треба да пристигне и принцот Алберт од Монако, за кого е ова прво доаѓање во Белград, шпанската кралица Софија, принцезата Маргерета од Романија и принцот Раду, а се очекува и бугарскиот цар Симеон.
Сите се сместени во дворскиот комплекс на Дедиње.