Косово воведе нови санкции кон Русија

Од:

Косовската влада денеска одучи да воведе нови санкции кон Русија, поради агресијата на таа држава врз Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Образложувајќи го предлогот за новите мерки на владината седница што се одржа попладнево, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Грвала рече дека на овој начин Косово ќе придонесе „за продолжување на тесната соработка со Соединетите Америккански Држави и Европската унија”.

Новите санкции, информира шефицата на косовската дипломатија, опфаќаат „ограничување на извозот со стоки и технологија со двојна примена, како и на стоки и технологија кои можат да послужат за технолошко подобрување на одбранбениот и безбедносниот систем на Русија”.

– Со санкциите се забрануваат новите инвестиции во рускиот енергетски сектор… ограничени се сите трансакции со одредени државни руски компании, кои се сега објект на ограничувањата на рефинансирањето, а се усвојуваат и мерки со кои се забранува нудењето на услуги за вреднување на кредитите, информира Грвала.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки