Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај изјави дека Косово јавно дава поддршка за меѓународната воена интервенција во Сирија.
Хоџај наведе дека Косово само пред 15 години било во слична ситуација, како и дека суверенитетот не е право, туку одговорност.
-Иако во надворешната политика се залагаме за мир, даваме поддршка за воената интервенција на меѓународната заедница во Сирија. Пред 15 години бевме во слична ситуација и кога видов дека Асад и неговиот режим убиваат сопствени граѓани, како министер морав да реагирам, бидејќи заштитата на човековите права е целта на Косово-истакна тој.
Елена Георгиевска