Комапнија од Eмиратите нуди 21 милион евра за плажа во Будва

Од:

Компанијата Ројал груп од ОАЕ дала понуда од 21,18 милиони евра за месноста Плажа на кралицата (Краљичина плажа) во црногорскиот туристички „бисер“ Будва, и доколку понудата биде прифатена планирана е изградба на хотел, спа-центар и пристаниште за јахти.

Месноста е понудена за продажба во октомври минатата година. Парцелата е со плоштина од 423 илјади кв/метри, од кои 188 илјади се сопственост на општината Бар, а останатите на општина Будва.

Комисијата за разгледување на понудите треба да се изјасни во рок од 15 дена, јавуваат црногорски медиуми.

Ројал груп наведува дека во следните осум години ќе вложи 180 милиони евра во изградба на хотел, спа-центар и пристаниште. Ако преговорите завршат успешно, градежните работи че почнат во оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски