Колективната бугарска хистерија

Од:

Дојче веле на бугарски јазик – Бон

„Несреќните бугарски пензионери ќе плаќаат за спасување на Грција!? Тоа, се разбира, е целосно нереално. Но, во Бугарија често такви измислени теми преизвикуваат колективна хистерија и трошат огрона општествена енергија.

Се започна еден ден по договорот за трета транша од програма за спас за Грција, со кратка вест од Брисел која многумна не ја разбраа или просто не ја прочитале до крај. Заменик претседателот на Европската комисија соопшти дека заради недостиг на друга техничка и правна можност, тие ќе ги искористат придонесите од сите 28 држави во ЕУ во летото 2010 година. Европскиот финансиски механизам за стабилизација (ЕФМС) за да и пушти на Грција заем за покривање на нејзните неодложни финансиски задолженија. Заемот е во висина од седум милијарди евра, само за три месеци, додека влезе во сила програмата за спас (која за три години изнесува 86 милијарди евра, платени само од 19-те земји членки на еврозоната, преку од нив подоцна создадениот Европски механизам за стабилизација – ЕСМ).

Некои медуми во Бугарија веднаш ја пренесоа веста на својот јазик. „Бугарија и останатите осум држави членки кои се надвор од еврозоната, исто ќе учествуваат во спасувањето на Грција преку ЕФМС, стана јасно од изјавата на зам.претседателот на ЕК“, напишаа дел од нив. Други беа уште подиректни: „Бугарија исто ќе треба да плати за неодложното спасување на Грција“.

Непостоечка тема

Всушност, повнимателното читање на веста уште тогаш би покажало дека ништо такво не се бара од неа. Затоа што ниту Бугарија, ниту било која друга земја во ЕУ не внесла никогаш ништо во односниот ЕФМС. Затоа што тоа не е фонд, туку финансиски механизам кој собира средства од финансиските пазари, преку емитување на обврзници, и после ги дава под наем на трети страни. Уште од самиот почеток на механизмот, постои таван од 60 милијарди евра, од кои до денес се искорстени 46,8 миилијарди евра, дадени пред една година за спасување на Ирска и Португалија. Сега, на истиот начин беа собрани седумте милијарди евра за Грција. За враќање на тие заеми, како и за каматите за нив, одговараат земјите кои ги добиваат. Гарант за заемите е буџетот на ЕУ, тоест секоја земја членка гарантира со дел од својот внес во буџетот соодветен пропорционално со дел од заемот. Внесот на Бугарија, на пример, претставува 0,32 проценти од буџетот на ЕУ, што при седумте милијарди за Грција би изнесувало 22,4 милијарди евра.

Но во овој случај, давањето гаранции е сосема теоретско, затоа што во пракса ризикот е рамен на нула – од две прични: првата е дека веднаш по последното примање на третата програма за спас (некаде околу 20 август), Грција ќе ја добие првата транша од еврзоната (од нејзиниот ЕСМ) и ќе ги врати седумте милијарди на ЕФМС. Тоа може да не се случи единствено ако земјата не успее да ја договори конечно третата програма за спас, што е малку веројатно. Но дури и тогаш, ризикот е рамен на нула. Тука стигаме до оној дел од првичната вест која некои бугарски медиуми (а и не само тие) не ја причитаа и ги исплашија своите аудиторуми: уште во првиот момент, ЕК прецизираше дека „ако Грција не го врати тримесечниот мостов заем, државите надвор од еврозоната ќе бидат обесштетени од ЕСМ“. Тоест, од тие држави се бараше само техничко и само формално одобрување. Малку подоцна тоа ветување беше закрепено и на хартија, со соодветна европска според законите поправка.

Да заклучиме: Бугарија ниту давала пари, кои сега Грција ќе ги искористи, ниту пак и претстои да дава, ниту пак постои ризик да и се наложи да го направи тоа. И освен тоа – никој не побарал ништо такво од неа. Со други зборови – од самиот почеток, темата за бугарското учество во спасувањето на Грција е целосно измислена и непостоечка.
Тоа пак, во бугарски услови не попречи да се предизвика колективна хистерија и да се истроши огромна општествена енергија.

„Болен здрав носи?“

Откако ја измислија и поведоа хајаката, медиумите за одговор ги збркаа политичарите. Некои од нив се покажаа целосно неподготвени, и без да знаат за што точно станува збор, почнаа да објаснуваат дека Бугарија ниту има можност, ниту има логика, ниту пак треба да помага држави како Грција. Или пак да се колнат дека одговорот на (непостоечкото) барање од Брисел ќе биде негативен, тоест ако треба ќе биде гласано и во парламентот. После и самиот премиер објасни како херојски Бугарија веќе кажала „Не!“ (охи). (Тука во контекст да вметнеме дека бугарскиот, како и на секоја друга држава, одговор сам по себе не е дури ни од такво значење, затоа што за да се донесе решението во ЕФСМ, не е потребна едногласност, туку мнозинство од две третини, тоест 16 земји со 65 проценти од населението на унијата).
Но два дена подоцна, премиерот отиде лично во парламентот за да соопшти дека одговорот сега е „Да“, но дека „нема никаква шанса Бугарија да загуби, да плати или да извади од сопственот џеб пари за нашата јужна сосетка“. Министерот за финансии исто објасни како во пракса стојат нештата. Но веќе беше доцна, инерцијата веќе собрала сила.

Објаснувањата не ги спречија политичарите од лево-популистичкиот сектор да продолжат да тврдат дека „кога некој ќе ни даде команда, ние се редиме да вадиме најмногу од најпразните џепови“ , дека „кога богатите плаќаат, тие ги присилуваат сиромашните да плаќаат исто колку и тие, ако не и повеќе“, и дека „ќе му помагаме не на грчкиот народ, туку на неговите кредитори“ и на „крупниот финансиски капитал“.

Весниците продолжија да тврдат дека сепак (а неизвесно како) „ќе го плаќаме грчкиот долг“, а во утриснките, вечерните и ноќните телевиски емисии под мотото „Болен (сиромашната Бугарија) здрава (богатата Грција) носи“, познати телевизиски фаци со намрштени чела продолжуваат збунети да ги прашуваат собеседниците: „Че вадиме ли пари од џеповите“, во ред ли е „сиромашна Бугарија да плаќа за грчкото сиртаки“, а „несреќните бугарски пензионери да ја спасуваат Грција“. И да ги анкетираат гледачите со соодветни непостоечки прашања. Природно, јавното мислење со висок процент одговараше со „не“, и ги преополни интернет форумите и социјалните мрежи со неиздржани и конспиративни теории, како „Како воопшто ЕУ си ја дозволува дрскоста да бара од Бугарија да дава пари за Грција?! А за Бугарите на некого во таа ЕУ воошто грижа ли им е? Парламентот ни е окупиран од национални предавници, долги подлизурковци на странски интереси и држави! Ама немој, а за каде биле планирани 16-те милијарди… Мириса на Четврти рајх…“

Се разбира, имаше и трезвени гласови, но тие потона во сеопштата галама.

Дијагнози

Дијагнозата на бугарската јавност гласи: способноста да се воспалува од непостоечки проблеми и да ги занемарува реалните.

Дијагнозата во голем дел од медимите: усмерени кион сензационалноста, глупоста и отворените лаги – заради драстичниот недостиг од експертиза, интелетуален потенцијал и целосно знаење (заради недостигот од професионален морал).

Дијагнозата во голем дел од таканаречената политичка елита: неподготвеност, непросветеност, страв да им се каже вистината на луѓето, или принмитивен популизам, манипулативност и лаги.

Дијагнозата за голем дел од населението: неинформираност (или жртва на системската дезинформираност), лесна податливост на секакви легенди и конспиративни теории.

Бугарија и бугарското општество навистина се болни, но не само и не толку од сиромаштијата. Такво општество не го чека ништо добро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ