Коѕијас на Твитер: Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе

Од:

Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе, порача шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас преку неговиот Твитер профил, кусо по поднесената оставка, користејќи делови од песна на грчки композитор и поема на грчки поет.

– Доаѓа моментот, вели поетот, да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш. Премиерот и низа министри на вчерашната владина седница го направија нивниот избор и јас мојот. Но, добро е да го запаметат стихот: длабоко да ме закопаат сакаа, заборавија дека сум семе.

Шефот на грчката дипломатија, во првиот дел цитираше стих од песна на познатиот грчки композитор, изведувач и текстописец Дионисис Савопулос (доаѓа моментот да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш) додека пак последниот дел, стихот што треба да го запаметат, како што вели Коѕијас,е од поетот Динос Христианопулос.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот