Ќе има ли Грција влада до вечерва?

Од:

По денешната средба помеѓу грчките политички партии се очекува да го објават формирањето на коалициона влада и веднаш да се започне со разгледување на планот поврзан со меѓународната помош и извлекувањето на државата од криза.

Лидерот на Нова демократија, Антонис Самарас, победникот на изборите во неделата, вети дека овојпат преговорите ќе се одвиваат полесно, поддржан од страна на, најверојатно, коалициониот партнер Евангелос Венизелос, односно социјалистичката партија, ПАСОК.

„Грција мора да има влада што е можно побрзо”, рече Венизелос, по состанокот со Фотис Коувелис, шеф на малата Демократска левичарска партија со која се водат разговори за формирање на меѓупартиска влада со Нова демократија.

„Постои потреба да се формира национален преговарачки тим кој ќе се занимава со суровите услови на договорот за помош“. изјави тој и додаде дека постои надеж владата да се формира до крајот на денот, откако со Kоувелис ќе се договорат неколку точки поврзани околу договорот за извлекување од кризата. Наводно, постоеле повеќе предложени мерки со кои Коувелис не се согласувал.

-Ќе има влада, но не знам дали ќе биде формирана до вечерва. Но, верувам дека ќе се постигне договор до крајот на оваа недела”, изјави тој за новинарите.

Самарас има три дена да формира коалиција пред неговиот мандат да истече.

Нова демократија и ПАСОК наизменично ја водат Грција од падот на воената власт во 1974 година, па се до минатата година.Економската криза во Грција можеби ќе ги принуди ривалите да ја делат власта во обидот да се спаси националната економија.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он