Кавариќ: Црна Гора сака да се приклучи на гасоводот „Јужен тек“

Од:

Црна Гора е заинтересирана за приклучување во гасоводот „Јужен тек“, изјави црногорскиот министер за економија, Владимир Кавариќ.

Тој посочи дека Црна Гора го гледа гасоводот „Јужен тек“ како начин за дивезификација на енергетските извори и средство за зајакнување на конкурентноста на економијата.

– Формална понуда се уште не сме добиле, но имаше одредени разговори на таа тема со претставниците на руската фирма „Гаспром“, која го реализира прокетот. За време на нивната посета на Црна Гора разговарано е за црногорските потреби за гас и количеството кое би можело да се пласира на домашниот пазар преку изградбата на гасоводот – истакна Кавариќ пред Парламентот.

Тој наведе дека црногорската држава активно партиципира и се обидува до другите земји од регионот да реализира инфраструктурни проекти поврзани со гасот, кои би можеле да поминуваат и низ Црна Гора.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски