„Катимерини“: Се интензивираат обидите Грција да се врати на политичката карта на Европа

Од:

Грчката Влада се надева дека на самитот на медитеранските земји на Европската унија во Атина следната недела, ќе испрати јасна порака дека Грција конечно ја надмина фазата на самоанализа предизвикана од долготрајната финансиска криза, и презема иницијативи кои би можеле да имаат поширок регионален ефект и влијание на ЕУ.

Ова денеска го пишува „Катимерини“ нагласувајќи дека грчкиот министер Никос Коѕиас има полна дипломатската агенда со која почнуваат обидите Грција да се врати на политичката карта на Европа.
На самитот што ќе се одржи на 9 септември, по иницијатива на премиерот Алексис Ципрас, ќе учествуваат лидери од Шпанија, Португалија, Италија, Малта и Кипар.

„Целта Грција повторно да се стави на геополитичката карта по долга пауза, исто така, ќе биде помогната и од состанокот на министрите за надворешни работи од седум членки на ЕУ и девет арапски земји кој ќе се одржи на Родос на 8 и 9 септември, во организација на министерот за надворешни работи Коѕиас“, информира весникот.

Во меѓувреме, шефот на грчката дипломатија утре ќе биде во Потсдам, на неформален министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на кој ќе се разговара и за мигрантската криза. Овој состанок ќе го означи почетокот на месец на интензивна дипломатска активност.

Во сабота, тој ќе замине за Братислава, за да присуствува на неформалниот состанок на министрите на ЕУ за надворешни работи, на кој ќе се разговара за Украина, борбата против тероризмот, а ќе има и општа дебата за недостатоците на ЕУ во однос на создавање заеднички фронт за надворешната политика. Мигрантската криза и последните случувања во Турција, исто така ќе бидат на дневен ред.
Коѕиас, исто така, ќе присуствува и на работен ручек, на кој ќе биде и турскиот министер за европски прашања, Омер Челик.

„Атина се чини подготвена да игра клучна улога во надминување на разликите меѓу неколку земји од ЕУ и Турција кои разменија остри забелешки околу последиците од неуспешниот обид за државен удар во јули. Намерата на Грција да се премости овој јаз, исто така, се гледа во неодамнешната средба меѓу Коѕиас и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Крит“, заклучува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он