Касидиарис од Златна зора формира нова националистичка партија

Од:

Поранешниот пратеник од Златна зора и еден од членовите што беа високо во партиската хиерархија, но и меѓу обвинетите во судскиот случај за формирање криминална организација, Илиас Касидиарис, денеска најави дека формира нова партија со цел, како што вели „Грција одново да стане голема и силна“ и да се спротивстави на „исламизацијата и планот за замена на грчкото население“, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку седум минутна видео порака, која самиот ја нарекува обраќање до јавноста, вели дека иницијативата е да се формира движење на Грци „за национално преживување и одново раѓање на хеленизмот“ и „за една и единствена визија: голема слободна и силна Грција“

-Се спроведува организиран план за замена на населението. За неколку децении, ние и нашите деца сме во опасност да бидеме малцинство во нашата татковина, вели Касидиарис, ги обвинува Нова демократија дека се „измамници кои секојдневно промовираат план за исламизација и дехеленизација на Грција“ и медиумите дека го прикриваат овој план.

Ги повикува Грците да се приклучат, да достават предлози, а за две седмици ќе се презентира името, знакот и политичката линија на партијата.

Касидиарис беше портпарол на партијата и високо во партиската хиерархија, но и во хиерархијата на криминалната организација Златна зора, според судскиот процес што од април 2015 се води против партијата, а во следните месеци се очекуваат и пресудите.

Во предизборниот период во 2012 година, Касидиарис, за време на ТВ емисија во живо најпрво фрли чаша вода врз членка на СИРИЗА, а потоа со шлаканици нападна пратеничка од Комунистичката партија на Грција, а како пратеник, беше протагонист во неколку инциденти и во грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната