Полицијата соопшти дека калуѓерката која тврдеше дека е нападната од непознат маж на улица, лажно го пријави нападот. По кривичната истрага, утврдено е дека 35-годишната жена се повреди со нож што претходно го купи во продавница во Загреб.
Полициската управа во Загреб потсетува дека јавноста беше информирана во петокот за повредата на жената, поради што е покрената обемна кривична истрага. Веднаш по пријавата, полициските службеници испрашаа неколку лица и преземаа низа мерки за да ги утврдат сите околности.
Вчера, денот откако беше отпуштена од болница, 35-годишната жена поднесе кривична пријава до полицијата тврдејќи дека е повредена од непознат сторител кој ѝ се приближи на улица и ја избоде со нож. По прегледот во болницата, беа констатирани полесни повреди.
Во текот на понатамошната работа, полицијата доби оперативни информации кои укажуваат на можна лажност на пријавата. Интензивните проверки открија дека жената лажно пријави кривично дело со цел да ја доведе во заблуда полицијата, иако знае дека лажното пријавување е кривично дело.
Истрагата потврди дека таа самата си ја нанесе повредата со нож што го купи претходно. Затоа, полицијата ќе поднесе кривична пријава против 35-годишната жена до надлежното Општинско државно обвинителство поради сомнение за кривично дело лажно пријавување.
Според изворите, калуѓерката им кажа на лекарите дека е повредена на улицата Иван Мажураниќ, но не била сигурна дали тоа се случи кај куќата со број 68 или 86.
