Кај Приједор откриена големa масовна гробница oд времето на Војната во БиХ

Од:

По налог за спроведување ексхумација на Обвинителството на БиХ, денеска на локалитетот Томашица во близина на Приједор е откриена огромна масовна гробница.

Станува збор за една од најголемите масовни гробници на откриени на подрачјето на Босанска Краина во последните 10 години.

– Гробницата била скриена со вештачки насипи од земја, а со детално копање откриен е неколкуметарски слој составен од наталожени посмртни останки. Истражен судија од Обвинителството на БиХ се наоѓа на терен, каде ја координира работата на сите кои се вклучени во процесот на ексхумација, соопшти Обвинителството.

Според првичните проценки, во гробницата се наоѓаат повеќе десетици жртви, а нивниот точен број и идентитет ќе биде утврден со деталното ископување со помош на форензичарски методи.

– Според собраните докази, во масовната гробница се наоѓаат тела на жртви од бошњачка и хрватска националност од подрачјето на Приједор и околината, кои се убиени во летото 1992 година, се наведува во соопштението.

Досега се пронајдени и идентификувани 2.082 жртви од Приједор, а се уште се трага по околу 1.200 лица, кои се убиени на ова подрачје за време на Војната во БиХ.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он