Јавниот сообраќај во Сараево стопиран поради неплатени сметки за струја

Од:

Босанската компанија „Електропривреда“ денеска му ја исклучи електричната енергија на претпријатието за градски транспорт во Сараево – ГРАС, поради неплатени сметки.

Прекинот на струја предизвика сообраќаен хаос во главниот град на БиХ, откако трамваите и тролејбусите го запреа движењето. Електричната енегрија била исклучена во сите простории на компанијата ГРАС. Постои можност да биде исклучена струјата и во станиците за автобуси и минибуси и тогаш ќе биде запрен и овој вид на градски превоз.

„Електропривреда“ неколку пати го одложува исклучувањето на струјата и роковите за исплаќање на долгот на градското сообраќајно претпријатие. Моментно долгот на ГРАС за електрична енергија изнесува над 1,5 милиони евра.

Портпаролот на премиерот на кантонот Сараево, Харис Дучиќ денеска изјави дека Владата и ГРАС преговараат за изнаоѓање решение, но се уште не се знае дали и кога градскиот превоз ќе биде повторно во функција. Сараево има 400.000 жители.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он