Јашаревиќ призна дека одржувал врски со радикални исламисти во БиХ и Австрија

Од:

Мелвид Јашаревиќ обвинет за терористички напад врз американската Амбасада во Сараево, во писмо до медиуми во БиХ потврди за врски со лидери на радикални исламисти во Босна и Австрија, објави Дневни аваз.

Весникот објави дека Јашаревиќ кој има српско државјанство и вахабист, го предал писмото до лидерот на ултраконзервативното крило на ислмот во Босна, Нусрет Имамовиќ кој е лидер на вахабистите во селото Горна Маоча како и на вахабистите во Австрија.

Судскиот процес пторив него и соучесниците Емрах Фојница и Муниб Ахметспахиќ почна во Сараево на 15 јуни. Обвинет е за тероризам. Во нападот беше рането едно лице од обезбедувањето на Амбасадата. Ако бидат прогласени за виновни, може да добијат казна од 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар