Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист

Од:

Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист, излегов победник, напиша солунскиот градоначалник на неговиот официјален Твитер профил, споделувајќи го неговото искуство и борбата за одвикнување од алкохолот, јави дописничката на МИА.

Бутарис вели дека денеска е неговиот втор роденден, а како што и самиот напиша, победата ја прослави во Центарот да одвикнување и рехабилитација во Солун. – Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист! За мене, денеска е втор роденден. Животната борба што ја почнав во 1991 година може веќе да е лесна, но тогаш и за многу години подоцна беше титанска. Излегов победник, истакна солунскиот градоначалник.

Бутарис на Твитер сподели и фотографии од Центарот за одвикнување од зависности, меѓу кои и една со тортата на која стои бројот 28. Паралелно упати и порака.

– Да запаметите дека алкохолот или било која друга супстанца може во моментот на употребата да ги „удави“ проблемите, но на крај ќе го „удави“ самиот корисник и неговите блиски луѓе. Спротивставете се и кажете му „да“ на животот, порача Бутарис.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина