Израел и Турција и покрај тешките навреди ја продолжуваат воената соработка

Од:

Пред неколку дена, турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, го разбесни Бенјамин Нетанјаху со изјавата дека “ционизмот е злосторство против човештвото, исто како и фашизмот, а пред еден месец, за време на израелскиот воздушен напад врз Сирија, го обвини Тел Авив за државен тероризам и нагласи дека оние кои го третираат Израел како размазено детиште, можат сешто да очекуваат од него.

Тогаш и турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, се нафрли против Башар ал-Асад “бидејќи бе фрлил ниту еден камен на Израел во знак на одмазда.” Давутоглу дури и за време на конференцијата за безбедност во Минхен, одби да се ракува со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак.

Иако Ердоган и Давутоглу ја користат секоја можност за да го нападнат Израел за масакрот на бродот Мави Мармара, кога при доставувањето на хуманитарна помош за појасот Газа, од страна на израелските командоси беа убиени девет турски активисти, тоа не им пречи истовремено да водат преговори за купување на воена опрема токму со ционистичките криминалци. Работата сепак е над се.

Пред неколку дена турскиот печат ја објави веста дека, владата на Таип Ердоган е подготвена да потпише со Израел договор за набавка на електронската опрема АВАКС (Airborne Warning and Control System). Вредноста на договорот се проценува на над 100 милиони долари. Одлуката на турската влада дојде откако Израел, игнорирајќи ги навредите на турските власти, донесе одлука за продолжување на воената соработка со Турција, што подразбира и продажба на бараната опрема.

Турција и Израел уште во 2002 година потпишаа договор за воена соработка, а дел од тоа е и купување на делови за електронскиот систем АВАКС. Со купувањето на потребната опрема од Израел, четири турски авиони Боинг 737 требаше да станат ‘летечки радари’ во служба на турското воено воздухопловство. Израел во 2010 година се повлече од преговорите, по сериозните обвинувања од страна на турските власти и упорното инсистирање на турскиот премиер за јавно извинување и признавање на вината за масакрот на турските активисти. Прилично чудно однесување на турскиот премиер, кој од една страна поставува услови што “ако не се исполнат, Турција нема да се согласи да соработува со Израел, а на друга прави сé со цел да се продолжи воената соработка.

Покрај воената, Турција и Израел преговараат и за изградба на заеднички гасовод. Со него, поминувајќи на јужниот турски брег, од наоѓалиштето Левијатан “(во источниот Медитеран) во Европа би се доставувале 425 милијарди кубни метри израелски гас. Да споменеме дека, без оглед на дипломатските контроверзности во изминатите три години, трговската размена меѓу Турција и Израел само во 2011 година била 2 милијарди долари. Турскиот пазар е на третото место кога станува збор за израелскиот извоз.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција