Излезни анкети: Градоначалникот на Букурешт води пред „романскиот Трамп“

Од:

Романците денеска повторно излегоа на гласање за да го изберат својот следен претседател.

Првата излезна анкета спроведена од агенцијата Авангард за ТВР1 покажува водство на либералниот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, со 54,9%. Лидерот на националистичката партија АУР Георге Симион има 45,10%. Излезноста беше висока – околу 65%.

Сепак, пребројувањето на гласовите покажува помала разлика. На 76 проценти преброени главоси, Дан има 52,32 %, додека Симион е на 47,68 %.

Изборите се сметаат за важни за Европската унија и Украина, која повеќе од три години се бори против руската инвазија. Романскиот претседател има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика. Симион ја критикува поддршката за Украина, додека Дан ја поддржува Украина и се согласува со ставот на Европската унија.

Симион победи во првиот круг на гласање на 4 мај, завршувајќи со околу 20 процентни поени пред Дан, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство. Тесните прогнози не ги вклучуваат гласовите на Романците кои живеат во странство, кои најверојатно ќе бидат повеќе од еден милион.

Во првиот круг од претседателските избори, Симион доби околу 60 отсто од гласовите на Романците во странство, 20 процентни поени повеќе отколку во неговата родна Романија. Одѕивот на гласачите кај Романците кои живеат во странство беше двојно поголем од оние во земјата.

Ова се повторени претседателски избори по оние одржани во ноември минатата година. Тогаш прорускиот кандидат Калин Георгеску победи во првиот круг, откако водеше кампања главно на онлајн платформата TikTok.

Потоа, непосредно пред закажаниот втор круг од изборите, Уставниот суд го поништи првиот круг поради нерегуларности во финансирањето на кампањата и му забрани на Георгеску повторно да се кандидира.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Дан: Романија поминува низ тежок период

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски