Изгласана новата црногорска Влада

Од:

Парламентот на Црна Гора вчера го изгласа составот на новата коалициска влада на премиерот Мило Ѓукановиќ, чија главна задача ќе бидат преговорите за членство во Европската унија.

На изборите што се одржаа на 14 октомври левоцентристичката влада на Ѓукановиќ беше поддржана од 44 пратеници, 26 се изјаснија „против“, а еден беше „воздржан“. Десет пратеници не учествуваа во гласањето.

Ѓукановиќ беше претседател или премиер 18 години во последните 21. Коалицијата на социјалистите и социјалдемократите имаат 43 од вкупно 81 пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски