Изетбеговиќ: Можно е одложување на октомвриските парламентарни избори во БиХ

Од:

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ денеска изјави дека постои можност за одложување на општите избори во Босна и Херцеговина.

„Можно е да се пролонгираат изборите планирани за октомври. Меѓународната заедница би го поддржала тоа доколку се види дека преговарачите се пред договор“, изјави Изетбеговиќ пред почетокот на новата рунда разговори на политичките партии во БиХ за изборните реформи.

Изетбеговиќ рече дека моделот на реформа на Изборниот закон на БиХ, предложен од Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ), е неприфатлив за странците.

Домаќини на новата рунда преговори се лидерите на Алијансата за подобра иднина (СББ) и Народ и правда (НиП), Фахрудин Радончиќ и Елмедин Конаковиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски