Изетбеговиќ: Иницијативата на српскиот премиер е предвремена

Од:

Бошњачкиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ ја смета за предвремена и нецелосна иницијативата на српскиот премиер Александар Вучиќ за определување ден во спомен на сите жртви од војната на територијата на поранешна Југославија, јави Танјуг.

Според него, на иницијативата треба да и претходи завршување на процесот на стабилизирање и нормализирање на целокупните односи во регионот.

– Иницијативата на премиерот Вучиќ може да добие смисол, само ако подразбира вистинско соочување пред вистината за сите злосторства, прифаќање на пресудите на меѓународните судови и историските факти, утврдени во тие пресуди и недвосмислена осуда на дејствијата кои водат кон нови конфликти, рече Изетбеговиќ.

Српскиот премиер Вучиќ рече дека нема никогаш да се откаже од идејата за заеднички ден на спомен на сите жртви на војната на територијата на поранешна Југославија и верува дека регионот ќе се помири.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници