Изетбеговиќ го спореди Николиќ со Караџиќ

Од:

Претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина и синот на поранешниот претседател Алија Изетбеговиќ, Бакир Изетбеговиќ синоќа го спореди српскиот претседател Томислав Николиќ со Радован Караџиќ, кој е обвинет за геноцид.

Изјавата на Изетбеговиќ уследи откако српскиот претседател во интервју рече дека „за 17 години меѓународната заедница не може да направи држава од БиХ, таа не функционира и бавно ни исчезнува пред очите“.

Изетбеговиќ во писмото до Николиќ наведува дека таквите забелешки го асоцираат на изјавите на поранешниот политички лидер на босанските Срби, Караџиќ.

– Можам да ве уверам дека БиХ е суверена, независна и меѓународно призната држава и нема да исчезна. Ниту брзо ниту бавно, потенцира Изетбеговиќ.

Односите на БиХ со Србија се влошија по изборот на Николиќ, во мај годинава, за претседател на Србија. Николиќ ја разгневи босанската јавност со негирањето на геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, кога беа убиени 8.000 муслимани.

Муслиманскиот претседател на тричленото босанско претседателство најави дека ќе ја откаже првата планирана срредба со Николиќ, што треба да се реализира следниот месец.

Тој предупреди дека српскиот претседател нанесува непоправливи штети на регионалните односи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници

Силен земјотрес во БиХ

Земјотрес во Босна и Херцеговина