Избран новиот Совет на министри на БиХ

Од:

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина денеска на итна седница во Сараево го избра новиот состав на Советот на министри на БиХ.

За новиот состав гласаа 29 пратеници, осум беа против и еден воздржан.

Советот на министри на БиХ, избран една година и три месеци по последните општи избори во БиХ, го сочинуваат Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и помалите партии на владејачката коалиција во Република Српска, Партијата за демократска акција (СДА), Хрватската демократска заедница (ХДЗ БиХ), Демократскиот фронт и Алијансата за подобра иднина (СББ).

Претседавач на Советот на министри на БиХ е Зоран Тегелтија од СНСД, а негови заменици се Бисера Турковиќ (СДА) и Вјекослав Беванда (ХДЗ БиХ).

Турковиќ е нов министер за надворешни работи на БиХ, а Беванда останува државен министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он