Избори во Хрватска: ХДЗ со 61 мандат е победник

Од:

Во текот на ноќта ХДЗ доби уште еден мандат, па сега, откако се обработени 99,3 отсто од мандатите, има 61 мандат на изборите одржани во Хрватска.

Првиот човек на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, придружуван од видни членови на партијата одржа победнички говор.

– Благодарение на Милановиќ изборите се одржаа на овој бизарен ден, но она што е важно е дека ХДЗ третпат победи на парламентарните избори. Уште поважно е веднаш да почнеме да формираме ново парламентарно мнозинство за да ја формираме третата влада – рече Пленковиќ и додаде:

– Сакам да им честитам на другите партии кои беа поразени од ХДЗ на овие избори и ние ќе продолжиме со нашите политики. Откако ги победивме на избори, повторно зборуваат за некаква влада на национален спас. Од што треба да се спаси Хрватска? – праша актуелниот хрватски премиер.

– Кампањата моравме да ја водиме во контекст на кршењето на Уставот од страна на Милановиќ и оние кои ги поддржуваат. Загрижувачки е што, откако ги победивме на избори, се уште зборуваат за владата на националниот спас, која треба да не спаси од Шенген, ЛНГ и други достигнувања. Таа голема разлика меѓу нас и другите партии, особено оние кои и вечерва артикулираа своевиден говор на омраза против ХДЗ рече Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: Ќе се борам за Хрватска со став, ќе се борам за владеење на правото

Горан Наумовски

Приморац: Зоране, излези и кажи што мислиш, што знаеш

Горан Наумовски

Милановиќ ја испушти победата во првиот круг

Горан Наумовски

Милановиќ им се заблагодари на гласачите за поддршката

Горан Наумовски

Прослава во штабот на Милановиќ, анкетите говорат во корист на актуелниот шеф на државата

Први излезни анкети: Милановиќ 51,48 отсто, а Приморац 21,3 отсто

Горан Наумовски